Со „Христос Воскресна“, православните верници го празнуваат Велигден
Со зборовите „Христос Воскресна, навистина Воскресна!“, православните верници го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.
Нека ни е за многу години празникот. Христос Воскресна!

