| |

Софискиот Вагнеров фестивал е меѓу финалистите за Светските оперски награди

Софискиот Вагнеров фестивал, кој го организира Софиската опера, е меѓу финалистите во категоријата „Оперски фестивали“ на Светските оперски награди. Победниците ќе бидат прогласени вечерва на церемонија во виенскиот театар „Ан дер Вин“, јавува БГНЕС.

Директорот на Софиската опера, академик Пламен Карталов, ја оцени номинацијата како најголемо меѓународно признание за развојот и иднината на фестивалот. Тој истакна дека во постановките предност имаат бугарските оперски пејачи и дека претставите привлекуваат млада публика од Бугарија и од странство.

Од основањето на фестивалот во 2013 година досега се изведени девет опери на Рихард Вагнер. Следното издание, од 28 мај до 3 јули 2027 година, ќе биде отворено со „Мајсторите пејачи од Нирнберг“, десеттото Вагнерово дело на фестивалот. Софиската опера ќе ја изведе скратената верзија што Џакомо Пучини ја подготвил за отворањето на сезоната во миланска „Скала“ во 1889 година.

Слични Објави