|

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд

Денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне 28 степени



Слични Објави