ВРАБОТЕНИТЕ ВО КЛИНИЧКИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА ПАРКИНГОТ

Вработените од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ паузата од половина час ја искористија за протест по одлуката на Град Скопје да се зголеми цената на паркинг местото од 300-та на 800тини денари.

Вработените се незадоволни, бидејќи со зголемувањето на цената на паркинг местото немаат никакви подобри услови за паркинг. За нив пред се за персоналот техничкиот, болничари, медицински сестри оваа сума е висока. Претседателот на синдикатот Горан Беговиќ најави дека доколку Градот не ја повлече оваа одлука од утре ќе ги блокираат напалтните пунковти на ЈП„Градски паркинг“.

Од Град Скопје не отстапуваат велат дека оваа одлука ќе се спроведе и цената за вработените ќе се зголеми.

Сликата за паркинг место во клинички е иста секој ден, метеж, автомобили што работат во место додека чекаат да најдат паркинг место. Изградбата на катната гаража се уште не е започната. На местото каде беше стара гинекологија е само покриено со земја и тука се паркираат возила и се зема пари за паркинг. Двата ветени излези, посебен влез на возилата за брза помош останаа само најава. Граѓаните велат нема никави услови, а сумите се високи.

Во Клинички центар дневно влегуваат и излегуваат над три илјади возила.

Извор: Канал 5