СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР СРБИЈА, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, ПОВРЕДЕНО ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ
Синоќа околу 20 часот на булевар „Србија“ се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а тригодишно девојче било повредено.
Несреќата се случила кога товарното моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.Т. (40) од Велес, удрило во пешаците В.Т. (61) и во тригодишното девојче.
Веднаш со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во клиничкиот центар, каде што во 22:45 часот, В.Т. им подлегнала на повредите.
МВР работи на расчистување на случајот.
