СОВЕТНИК НА ДМИТРИЈ РОГОЗИН ОБВИНЕТ ВО ДРЖАВНО ПРЕДАВСТВО

Советник на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос е приведен од надлежните и е обвинет за државно предавство, пренесува Алсат М.

„Приведувањето на Иван Сафронов, поранешен новинар специјализиран за теми од одбраната, воено-индустрискиот комплекс и вселенската индустрија, не е поврзано со неговата работа како советник на генералниот директор Дмитриј Рогозин“, се наведува во соопштението на Роскосмос.