СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ОДРЖУВА СЕДНИЦИ НА ОТВОРЕНО
Советот на Град Скопје денеска одржува седници на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, во време на вонредната состојба во државава поради пандемијата со коронавирусот.
На 50-та редовна седница советниците ги разгледуваа Предлог–годишната сметка на Буџетот на Град Скопје за 2019 година и годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година. На 6-та вонредна седница ќе се расправа за економските мерки што ги презема Градот, кој е најголема движечка сила во македонската економија, за ублажување на економските последици од настанатата состојба. Во Скопје се остварува и најголемиот дел од Бруто домашниот производ, во него се и најголемиот број работни места, како и најголемиот дел од инвестициите во земјава.
Советот на Град Скопје на 11.02.2020 година го усвои Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, а во минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2% во однос на планот за 2019 година.
Извор: Макфакс