|

Советот за безбедност на ОН ќе одржи состанок на барање на Русија и ОАЕ за нападот врз болницата во Газа

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по смртоносниот напад на болница во Газа, на барање на Русија и Обединетите Арапски Емирати, пренесува АФП.

Пред тоа, Советот ќе гласа за резолуцијата поднесена од Бразил за да се обиде да најде заеднички став за војната меѓу Израел и Хамас.

„Русија и Обединетите Арапски Емирати утрово побараа да се одржи вонредна отворена седница на Советот за безбедност на ОН на 18 октомври поради нападот врз болницата во Газа“, изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански во Телеграм.

Состанокот ќе започне во 14:00 часот по Гринич, соопштија од ОН.

Слични Објави