Спасени се сите 12 лица од превртениот брод во Црно море, со хеликоптер се пренесуваат кон базата „Чајка“ во Бугарија
Сите 12 лица од превртениот брод во бугарската економска зона во Црно море се успешно евакуирани и преземени со хеликоптер, кој се упатува кон поморската хеликоптерска воздухопловна база „Чајка“ во Бугарија. Таму морнарите ќе ги преземат екипи на Граничната полиција и на Центарот за итна медицинска помош.
Според екипажот на хеликоптерот, евакуираните се во добра општа состојба. Нема тешко повредени, но луѓето се премрзнати.
При воздушниот преглед на подрачјето е утврдено дека бродот е превртен. Кон местото на несреќата е упатен воен брод, кој ќе провери дали има загадување на морската средина.
Операцијата за пребарување и спасување се одвивала под раководство на Главната дирекција за итни интервенции и спасување при Извршната агенција „Поморска администрација“.
