Спасовски: 28 услуги на МВР достапни онлајн

/

На web-страницата на МВР https://termin.mvr.gov.mk/, како и на Националниот портал за електронски услуги https://uslugi.gov.mk/ каде што се воведени 28 електронски административни услуги на МВР за граѓаните, достапни за онлајн аплицирање, се нуди можност граѓаните да можат дигитално да си закажат термин за фотографирање за лични документи, како и електронско плаќање на услугата, а достапни се и образците за барање, објави денеска на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Со ова, како што наведува, се олеснува и забрзува самата постапка како од аспект на граѓанинот така и од аспект на самата институција.На Порталот се достапни следните услуги за закажување термин online:Лична карта: издавање на лична карта со ограничена важност, предвремена замена заради оштетеност на личната карта, издавање на лична карта ако е изгубена или украдена, замена на лична карта по основ на промена на лично име, замена на лична карта заради промена на живеалиште и адреса на стан, замена на лична карта поради истечен рок на важење (редовна замена) и издавање на прва лична карта за полнолетни лица.Од патните исправи граѓаните ќе можат да закажат за патни исправи: издавање на пасош (редовна замена), издавање на пасош поради исчезнување/губење на пасош, издавање на пасош (прв пат),замена на пасош поради промена на лични податоци, издавање на пасош со ограничен рок на важење,предвремена замена поради оштетеност на пасошот и замена на пасош поради други причини (исполнетост или друго).Граѓаните ќе можат да закажат и за возачки дозволи: издавање на возачка дозвола (прв пат),издавање на возачка дозвола поради запишување на нова категорија, замена на возачка дозвола (поради измината важност), замена на странска возачка дозвола за македонска возачка дозвола, издавање на изгубена возачка дозвола, замена на возачка дозвола поради промена на лични податоци на возачот,замена на возачка дозвола (поради промена на живеалиште на возачот) и замена на возачка дозвола поради запишување на ограничување од здравствени причини.Достапни се и следниве услуги: оружје: одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз, одобрение за превоз на оружје и муниција при извоз, одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при увоз, одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при извоз, одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при транзит и одобрение за превоз на оружје и муниција при транзит.Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација, кое е одговорно за достапноста и неговото техничко функционирање.-МВР изготвува сервиси со сопствен развој кои преку системот на е-услуги ќе овозможат добивање на услуги на граѓаните. Планирани сервиси кои ќе овозможат дигитални услуги се од областа на издавање на потврда за живеалиште, потврда за поседување на моторни возила и потврда за статус на државјанство, напиша министерот Спасовски на Фејсбук. 



Претходна статија

Препораки на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Следна статија

Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар

Најново од Вести