| |

СПАСОВСКИ: МОЖНО E ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

„Очекувам денеска да разговараме во однос на дополнителни мерки кои би биле воспоставени како рестриктивни мерки, кои ќе помогнат во целата состојба и ако има препорака од комсијата тоа би го направиле можеби на денешна седница на Влада“, изјави премиерот Оливер Спасовски во разговор за Слободна ТВ.

Според Спасовски здравствениот систем е подготвен да може да се справи со најавите за поголем број заболени од коронавирусот, но апелира дека за тоа му е потребна и поддршка од граѓаните кои треба да ги почитуваат сите препораки и рестриктивни мерки, а со тоа да спречат и помасовно ширење на вирусот. Тој не исклучува можност за воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, ако за тоа добијат препораки од Комисијата за заразни болести.

Тој додаде дека во целиот период на борба со коронавирусот здравствените работници се на прва борбена линија, дека даваат максимум со елан и енергија за да им се помогне на сите граѓани. –

„Очекувам сите заедно да ја добиеме таа битка“, рече Спасовки.



Слични Објави