ЗА МИЛЕНКО И МИРКА ЕУ НЕ ЧИНИ, НО И ПОКРАЈ ТОА ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ ЗЕМАЛЕ ДРЖАВЈАНСТВА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

//

Вкупно 74 946 македонски граѓани во последните десет години земале државјанство на некоја од земјите во Европа, при што омилени дестинации се Италија, Швајцарија и Германија, покажуваат податоците на Евростат.

Од нашата земја во 2018 година, вкупно 7.627 граѓани зеле државјанство на некоја од државите во Европа. Најголемиот дел од нив во Италија – 3.487, потоа во Швајцарија – 1.606 и Германија – 945.

Ова е намалување за 450 лица во споредба со 2017 година во која 8.077 македонски граѓани земале државјанства на земји од ЕУ.

Во последните десет години, вкупно 29.428 македонски граѓани земале италијанско државјанство. Околу 14.000 тоа го сториле во последните три години од кои рекордни 6.771 во 2016 година.

По Италија, омилени земја за македонските граѓани биле Швајцарија и Германија каде во последните 10 години се иселиле по 16.935, односно 9.333 граѓани.

Во извештајот на Евростат се наведува и податокот дека во 2008 година, најголем број државјанства македонските граѓани земале на Бугарија – 3.637, по што нагло се намалува статистичкиот број и се движи од 200 до 400 граѓани.



Претходна статија

СПАСОВСКИ: МОЖНО E ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

Следна статија

МИЦКОСКИ ЗА ПОМОШТА ОД УНГАРИЈА: ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ ВО ТЕШКИТЕ МОМЕНТИ

Најново од Вести