СПАСОВСКИ ОБЈАВИ КОЈ МОДЕЛ ЗА НАСТАВА Е НАЈПРИФАТЛИВ

//

Моделот на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци кои одат во прилог и на застапниците на онлајн наставата и на оние кои се залагаат за настава со физичко присуство.

На средбите со родителите кои се за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и родителите кои се за настава со физичко присуство, беше истакнато дека комбинираниот модел е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми, објави на facebook служебниот премиер Оливер Спасовски.





Претходна статија

КАНДИДАТОТ ЗА АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ, ПРБОДЕН ОД СОПРУГАТА ЗАРАДИ НЕВЕРСТВО ?!

Следна статија

„ГОТВАЧОТ НА ПУТИН“ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ФИНАНСИСКИ ЌЕ ГО УНИШТИ АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ

Најново од Вести