| |

СПАСОВСКИ: ПРВО ЌЕ ПОЧНАТ СО РАБОТА ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ, АВТОШКОЛИТЕ И ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ

Правиме прв чекор за намалување на рестрикциите , најави Спасовски , кој рече дека здравствениот систем е во кондиција да се справува со болеста. 

Мерките дадоа добри резултати и се зајакнаа и медицинските капацитети за да може да продолжиме кон ,,новото нормално’ , рече Спасовски. 

Меѓу секоја фаза ќе следува проценка на состојбата , за да се продолжи со олабавување на мерките. 

Дури во третата фаза ќе треба обврските да се исполнуваат како ,,нова нормалност’ со цел заштита на здравјето. 

Од утре почнува првата фаза на олабавување , што значи спортски тренинзи , трговски центри , кладилници и обложувалници преку пшалтер , семинари , автошколи , одржување обуки , но само со посебни протоколи. 

На конференции ќе може да присуствуваат најмногу 30 лица , коимора задолжително да носат маски и да има средство за заштита, а редовно треба дасе чистат и дезинфицираат просториите. 

Службените лица ќе може да патуваат во странство за итни потреби .Се отвораат и моловите. 

На прашањето на Канал 5 , во врска со почитувањето на мерките , Спасовски рече дека се задолжители и се донесени врз основа на експертските мислења и препораките на СЗО. На прашањето во врска со медиумската сфера и телеоператорите , кои не ги почитуваат договорите за исплата на средства за емитување на националните телевизии  , Спасовски рече дека тоа се односи меѓу приватни компаниии дека Владатаќе им помогне и на телевизиите и на кабелските оператори за да создаде можности сите да работат. 

Слични Објави