Спомен плоча на бугарскиот преродбеник Добри Чинтулов ќе биде откриена во Одеса
Спомен плоча на големиот бугарски преродбеник Добри Чинтулов ќе биде откриена денеска, 15 април, во Одеската духовна семинарија. Бугарскиот поет, композитор и педагог ја завршил семинаријата во Одеса во 1849 година, јавува БТА.
Проектот се реализира по заедничка иницијатива на Бугарската телеграфска агенција (БТА) и Генералниот конзулат на Бугарија во Одеса, со поддршка на Одеската духовна семинарија.
На настанот ќе учествува бугарска делегација, во која се генералниот директор на БТА Кирил В’лчев, ректорот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ проф. д-р Георги В’лчев и извршниот директор на здружението „Музикаутор“ Иван Димитров.
Делегацијата престојува во Одеската област втор ден, откако на 14 април учествуваше на свеченостите по повод патронниот празник на Болградската гимназија „Георги Стојков Раковски“ и 205-годишнината од раѓањето на Георги Раковски.
Меѓу официјалните гости од украинска страна се митрополитот Одески и Измаилски Агатангел, протереј Дмитриј Јаковенко – ректор на Одеската духовна семинарија и архиепископот Белгородски Силвестер (Стојчев) – ректор на Киевската духовна семинарија.
Во Одеската област живеат над 150.000 Бугари, а во градот Одеса околу 50–60 илјади. Градот е значаен историски центар за бугарската заедница, поврзан со дејноста на личности како Христо Ботев и Иван Вазов, како и со основањето на Одеско-бугарското настојателство во 1854 година.
Во Одеса се поставени повеќе спомен-обележја на бугарски дејци, меѓу кои и на Кирил и Методиј, Васил Априлов и Алеко Константинов.

