ЌУЧУК: ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ ЖЕЛБА ЗА ПАРТНЕРСТВО, ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ТЕМЕЛИТЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

//

Во Македонија постои желба за партнерство и барем декларативно, тоа го кажуваат и претставниците на владејачката партија и на опозицијата, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.

Ќучук денеска при гостување на софиската телевија БТВ истакна дека довербата меѓу Македонија и Бугарија е нарушена и дека двете земји мора да се вратат на темелите на Договорот за добрососедство и пријателство.

– По изборите мора да има преговори, заедничката историја е составен дел и мора да ги поставиме параметрите за заедничка иднина, нагласи Ќучук.

Според него, во двете земји нe постои официјална политика на говор на омраза, но постојат различни организации на неофицијалната политика и во Софија и во Скопје, кои шират таков говор.



– Еден национализам раѓа друг, заклучи Ќучук, нагласувајќи дека нема потреба да се поставува прашањето кој провоцира, кога е јасно дека очигледно има проблем.

Ќучук вели дека ова прашање било наведено и во неговиот извештај за земјава до Европскиот парламент, додавајќи дека е големо прашање зошто Бугарија не стори нешто за да не се дојде до ваква состојба.

Претходна статија

СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ОДЛОЖЕНО ЗА 26 АПРИЛ

Следна статија

АКО ГРУЕВСКИ НЕ ОПЛАЧКА ПРЕКУ СКОПЈЕ 2014, ЗАЕВ ЌЕ НЕ УШУРИ СО НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Најново од Вести