Спомени на војводата Иван Џонев од Крушево: „Се разцепивме Власи и Бугари од една страна, а од друга – гркомани и србомани“
На 27-ми октомври 1967 г. година во Плевен умира Иван (Ванчо) Костов Џонев војвода на ВМОРО од влашко потекло, роден во Крушево 1882 г. Тој е еден од легендарните ликови за време на славното Илинденско востание во бунтовната 1903 г. учествува во заштитата на Крушевската република. Зимата истата година се враќа во Крушево и учествува во спротиставувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија. После Младотурската револуција останува во нелегалност, уапсен е и е затворен во Битолскиот затвор. И. Џонев како реонски крушевски војвода учествува во ослободувањето на Крушево за време на Првата Балканската војна. После окупацијата на Вардарска и Егејска Македонија од Србија и Грција Џонев се вклучува со четата во спротивставувањето од страна на ВМРО. Четата се пресметува со србските потери во Втората Балканска војна. Зема учество и во Првата светска војна. Се приклучува како редник од партизанскиот одред при Единаесеттат дивизија на Македоно-Одринското ополчение исполнувајќи специјални задачи од поголем ризик. Учествува во Бугарското административно управување на Крушевската околија. После војната, од 1920 г. учествува во чети на ВМРО, навлегувајќи во Вардарска Македонија, после убиството на А. Протогеров е на страната на Иван Михајлов.
“Се разцепивме Власи и Бугари од една страна, а од друга – гркомани и србомани. Почна со терористичка борба меѓу едните и другите. Излегоа грчки ренегатски чети, исто така и србомански, поддржани прикриено од турската власт… Заедно со Бугарските имаше и Влашки групи. Директорот на романското училиште Стерју Јунеску кажуваше: „Да помогнеме на Бугарите да се ослободат, зашто вечно се мачени од Турци и Грци.“ Сите романски учители беа идеално приврзани кон ВМОРО. Домнул Петреску ги преведваше писмата од турската власт на Бугарски. Бев натоварен од Организацијата непрекинато да одам во оние куќи, каде има грчки поп, било во Бугарски или Влашки, за да се заменат со Бугарски или Влашки попови.“
Извор: Библиотека Струмски

