| |

СПОРЕД НАЦРТ-ЗАКОНОТ РАБОТОДАВАЧИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ ОД 600 ДО 6.000 ДЕНАРИ

Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на патите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на државата.

платаСпоред нацрт законот субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење и нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси, работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период и за кој има зголемување на плата на начин утврден со овој закон, односно работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од работодавачот во референтниот период, јавува Капитал.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави