Србија сака да ги „ресетира“ односите со САД
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, што е и негов прв состанок со највисокиот официјален претставник на Стејт департментот. На средбата Дачиќ изјавил дека треба да се „ресетираат“ билатералните односи меѓу САД и Србија. Во соопштението на кабинетот на Дачиќ се наведува уште дека Србија бара начини како САД можат да помогнат за да се клучната цел – „стабилност, мир во регионот и решавање на отворени прашања, пред се за трајно решавање на проблемите на Косово и Метохија“.
