| |

Средба Тагарев-Руси: Поддршка за европската иднина на РС Македонија по исполнувањето на преземените обврски од страна на Скопје

Министерот за одбрана на Бугариja Тодор Тагарев се сретна со вонредната и ополномоштена амбасадорка на Република Северна Македонија Агнеза Руси Поповска. Министерот и амбасадорката изразија „задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО“. Тагарев ја изрази својата поддршка за европската иднина на Северна Македонија по исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нејзината важност не само за билатерална соработка меѓу двете земји, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион.

Придонесот на Северна Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учеството во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и приоритетното значење на транспортната поврзаност беа меѓу темите за кои се разговараше.

Теми на разговорот беа уште долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста и можностите за сè поинтензивно развивање на оваа соработка, а исто така и обуката на различни специјалности, вклучително и воени лекари во насока на научно-истражувачки проекти со европско финансирање.

Слични Објави