Станков: Потпишавме договор со „Шел“ за истражување и производство на нафта и гас во блокот „Кан Тервел“ во Црното Море
Бугарскиот министер за енергетика Жечо Станков објави денеска дека е потпишан договор со глобалната нафтена и гасна компанија „Shell“ за истражување и потенцијална експлоатација на нафтените и гасните ресурси во блокот „Кан Тервел“, лоциран во бугарската акваторија на Црното Море. Според министерот Станков, овој блок се смета за исклучително перспективен.
Министерот изрази оптимизам за идните активности, истакнувајќи дека стабилната политичка ситуација во земјата ги привлекла интересите на една од водечките светски компании, што резултирало со потпишувањето на договорот. Станков објасни дека домашниот гас ќе биде најевтин, бидејќи бугарската енергетска индустрија во моментот плаќа значителни трошоци (најмалку 30%) за увоз на гас од странство.