СТОЈАНОВА (ГДУ): ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ СЕ ЗАБОРАВЕНИ ВО ШТИП И ВО ЗАБОРАВЕНИОТ ИСТОК

„Животот на нас родителите на деца и лица со посебни потреби е како и секогаш ставен на маргините на секоја власт, поготово во Штип. Штип како еден поголем град на лицата со посебни потреби има голема потреба од отварање на дневен центар и работилница од разно- разни активности за различни возрасти и групи.

Инклузијата во образованието е главен акт, без разлика на верската и социјална средина, кој за жал дел од нас ја користат а дел не и затоа под итно е потребно да се изгради дневен центар.
Тоа е место каде што ќе бидат опфатени сите категории на лица, место каде ќе имаат стручна и образовна помош од вработените, кои нема да бидат партиски одредени туку со завршено високо образование и желба за помош за подобар и поквалитетен живот на истите.

Сите добро знаеме и јас како родител низ какви борби го поминуваме денот, за да барем малку ги едуцираме и да го олесниме животот на нашите чеда.
Граѓаните, дел од нив, полека нѐ прифаќаат и помагаат на некој начин, што тоа е нормално кај совесните и да го прават, но дали е тоа доволно?

Под итно е потребно да се замислат сите партии, зошто до ден денешен не се направени соодветни услови за овие лица во нашиот град?!“, стои во објавата на Кристина Стојанова, кандидат за пратеник на ГДУ во ИЕ 3, на социјалната мрежа facebook.