Стојчев-Илашчук: Продлабочување на соработката меѓу Бугарија и Украина
Можностите за продлабочување на соработката меѓу Бугарија и Украина во повеќе области од заемен интерес, во контекст на иницијативата на украинскиот претседател „Формула за мир“ и во однос на повоената обнова на Украина беа теми во разговорот меѓу заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Тихомир Стојчев и амбасадорката на Украина во Бугарија Олесја Илашчук.
Средбата Стојчев- Илашчук се одржа во Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија.
Двајцата соговорници разговараа за актуелни прашања во билатералната соработка во контекст на засилениот политички дијалог во последните месеци. Бугарската страна категорично ја осудува вооружената агресија на Руската Федерација врз Украина и ќе продолжи да ја поддржува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението на бугарското МНР.
Во разговорот беше истакната улогата на историската бугарска заедница во Украина за развојот на билатералните односи меѓу двете земји.