СТОРИЈА ЗА ЧОВЕКОВАТА ХРАБРОСТ-ПОДВИГОТ НА Д-Р СТЕФАН ЧЕРКЕЗОВ

Доцна попладнето на 15 август 1963 година, 26-годишниот д-р Стефан Черкезов се враќа од теренска работа во Горна Орјаховица. Тој е лекар во селото Стрелец, во околината на Велико Трново. Черкезов ја почнува својата лекарска кариера само 8 месеци порано – во јануари 1963 година. Во кобниот ден д-р Черкезов се враќа од Горна Орјаховица со автобус полн со луѓе. Тој може да патува со службен автомобил, но го отстапува своето место на своја колешка.

По напуштањето на Горна Оряховица, автобусот се судрува со камион и се запалува. Д-р Черкезов е исфрлен од експлозивниот бран во ров покрај патот. После падот и покрај тоа што е повреден без двоумење влегува во огнениот пекол и почнува да ги спасува луѓето што патувале со него во автобусот. Докторот добива голем број сериозни изгореници, но и покрај тоа успева да спаси 30-40 луѓе. На местото на трагедијата пристигнуваат амбулантни возила од Велико Трново и Горна Орјаховица, докторот кој е меѓу најнастраданите, одбива да се качи во амбулантно возило за да има место за другите повредени.

Тој останува сам на патот, и решава да се врати пешки до Горна Орјаховица. Едно од амбулантните возила го пресретнува и го носи во градската болница.

Во хируршкото одделение на болницата тој им се обраќа на своите колеги со зборовите:
„Оставете ме мене, јас и онака умирам, грижете се за останатите пациенти“.

Рано наутро следниот ден, 16 август, тој умира. До неговиот кревет е неговата млада жена Лидија. Ова се последните зборови на д-р Черкезов кон неговата сопруга:
“Пренеси му на тато дека не ги потрошил своите пари за да учам. Нека се гордее со мене – се однесував како вистински лекар!

За време на несреќата, сопругата Лидија Черкезова има 23 години. Таа е сметководителка и заедно со Стефан имаат мало девојче на 7 месеци.

По инцидентот, тогашниот министер за здравство Ангел Тодоров и понудил на Лидија да студира медицина без положен влезен испит. Таа прифаќа. Дипломира и станува вонреден професор по социјална медицина. Нивната ќерка Антонија била одгледана од нејзините баба и дедо. Таа станува доктор, а во моментот живее и работи во Германија. Сопругата на д-р Стефан Черкезов, д-р. Лидија Черкезова вели дека никој од преживеаните, спасени од нејзиниот сопруг не ги побарал подоцна и никој од наследниците не го посетил гробот на докторот заедно со неа.

 

Слични Објави