|

Студенти од Нови Пазар пешачат кон Нови Сад – пристигнаа во Белград на пат кон протестот на 1 ноември

Група студенти од Нови Пазар, кои пеш се упатија кон Нови Сад за да учествуваат на протестот закажан за 1 ноември, синоќа пристигнаа во Белград, jавува БГНЕС.

Кај трговскиот центар „Ада Мол“ нив ги пречекаа студенти и граѓани, организирани во т.н. „собори“. Оттаму поворката продолжи кон Ректоратот на Белградскиот универзитет.

Студентите тргнаа од Нови Пазар на 16 октомври, а по патот кон Нови Сад им се придружија и други студентски групи од различни градови.

Протестот во Нови Сад е најавен во знак на сеќавање на годишнината од уривањето на насрештницата на железничката станица, трагедија во која животот го загубија 16 лица. Организаторите сè уште не го објавиле официјалниот план на настанот.

Од друга страна, претставници на режимот на Александар Вучиќ најавија дека на 1 ноември ќе биде оддадена почит на жртвите, истакнувајќи дека државата ќе постапува „смирено, одговорно и во согласност со Уставот и законите, но решително ќе реагира при евентуални пројави на насилство.“



Слични Објави