СУДИЈАТА КОЈ ОД ВАР-СОБАТА МУ ПОНИШТИ ГОЛ НА АРСЕНАЛ НЕ СУДЕЛ ДОСЕГА ВО ПРЕМИЕРЛИГА!

Арсенал вчера на домашен терен одигра нерешено (2-2) против Кристал Палас, па така направи кикс и заостанува четири бода за топ-4 тимовите во Премиерлигата.

Сепак, Арсенал можеше да стигне до трите бода, но по проверка на ВАР-снимката беше досуден прекршок на Чејмберс врз еден противнички фудбалер.

Навивачите на „топчиите“ беа бесни поради одлуката на судијата, зашто сметаа дека голот бил регуларен, па можел да биде досуден само пенал врз Чејмберс, но не и прекршок во напад.

Интересно е тоа што судијата Џеред Гилет, кој беше во ВАР-собата и го поништи голот на Арсенал, никогаш претходно не судел на меч во Премиерлигата.



Тој има искуство во австралиската лига, а има судено и два меча од Карабао Купот, па според навивачите на Арсенал, судијата не се прослави во вчерашниот меч.

Извор: Спорт1

Претходна статија

НЕРВОЗНИОТ РИБЕРИ ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНА СУДИЈАТА: ГО ЧЕКА СУСПЕНЗИЈА

Следна статија

МИЛАНО ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ДРЕСОТ СО БРОЈ 11 НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИНО МЕНЕГИН (ФОТО)

Најново од Спорт