|

Коциќ: ДПМНЕ е против Европската Унија

Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, на денешната прес конференција рече дека на вчерашното гласање во Собранието одново се потврдило дека СДСМ и сите политички партии и чинители од про-европскиот фронт, се единствените кои ѝ мислат добро на државата, им мислат добро на граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ.

Но исто така вчера, на собраниската седница се докажа и дека единствената идеологија на ДПМНЕ и Левица се блокадите и одолговлекувањето, додаде Коциќ и рече дека 80% од македонските граѓани кои се проевропски ориентирани ќе паметат и нема да им простат на оние кои без никаква причина го блокираат патот кон ЕУ.

– Сите ние многу добро се сеќаваме како владата на Никола Груевски го блокираше патот кон ЕУ и НАТО и како Христијан Мицкоски се противеше, а неговите пратеници гласаа против членството во НАТО. На вчерашната седница видовме дека Мицковски е како и Никола Груевски. И тој сака да ја влече државата назад уште 11 години за ништо, само заради неговата фотелја во Белиот дворец, – рече пратеникот од СДСМ.

 



Слични Објави