СУДИР МЕЃУ МИГРАНТИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД, ИЗБОДЕН ТИНЕЈЏЕР ОД АВГАНИСТАН

/

Мигрант тинејџер од Авганистан беше повреден синоќа во центарот на Белград. Според „Блиц”, 17-годишното момче е прободено со нож во улицата „Гаврило Принцип” на Економскиот факултет околу 1 часот по полноќ.

„Еден час по полноќ имаше инцидент во кој еден Авганистанец е избоден со нож, а потоа тој беше пренесен во Ургентниот центар каде што е сега”, пишува „Блиц“.

Ова е трета пресметка меѓу мигрантите во краток временски период. Неодамна беше убиен 16-годишна Авганистанец, а неколку дена претходно беше прободен и еден пакистански државјанин.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ЖОАО МАРИО ГО НАПУШТА ИНТЕР

Следна статија

„ЉУБОВ И РЕВОЛУЦИЈА“ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Најново од Вести