| |

СУДСКИОТ СОВЕТ БАРА ОД СУДИИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА СТАРИТЕ НЕРЕШЕНИ ДЕЛА И ЗАСТАРЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ

Судскиот совет на Република Македонија во допис до претседателите на судовите бара од нив во рок од една недела да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети и застарени случаи.

Во соопштението потпишано од претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, се наведува дека интерес на враќање на довербата на граѓаните во судската власт, согласно одредбите од членот 36 од Законот за Судскиот совет,

Судскиот совет бара известување од Претседателите на судовите:

– за бројот на стари нерешени предмети по години, видови и судии

– застарени кривични предмети со образложени причини за застарување

– какви мерки се преземени од претседателот на судот за решавање на старите предмети согласно програмата и акцискиот план за спроведување на програмата.

Податоците треба да се достават до 27 декември годинава, стои во соопштението на Судскиот совет.

Слични Објави