|

Судскиот совет избра по тројца нови судии во Кривичниот и во Граѓанскиот суд во Скопје

Судскиот совет на седница избра по тројца нови судии за Основниот граѓански суд – Скопје и за Основниот кривичен суд – Скопје.

За нови судии во Граѓанскиот суд избрани се Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ-Велковски. Во Кривичниот суд доаѓаат Лилјана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митревски.

Членот на комисијата за избор, Миљазим Мустафа, рече дека кандидатите биле рангирани врз основа на добиените бодови по завршување на целокупниот процес, како во Академијата за судии и извршеното интервју во Судскиот совет.

Слични Објави