|

Судскиот совет ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми

Судскиот совет денеска на јавна седница, ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми.

Со осум гласа „за“, Судскиот совет одлучи седницата да биде јавна, а ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побара на сослушувањето да бидат присутни медиумите.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако судијката Адеми во интервју за медиум кажа дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

Слични Објави