Светски познатиот британски писател Ејдријан Чајковски доаѓа во Бугарија
Фановите на фантазијата и научната фантастика ќе имаат ретка можност да се сретнат со светски познатиот британски писател Ејдријан Чајковски. Настанот ќе се одржи во денеска во Софија со почеток од 19:00 часот, во клуб „Грамофон“ на улица „Будимпешта“ бр. 6, јавува БГНЕС.
Ејдријан Чајковски е еден од најпочитуваните и најиновативни современи автори во жанровите фантазија и научна фантастика. Роден е на 14 јуни 1972 година во Вудхол Спа, Англија. Пред да се посвети на пишувањето, тој студирал зоологија, психологија и право. Во 2008 година дебитира со романот „Империја во црно и златно“, со кој ја започнал својата препознатлива серија „Сенката на умешните“.
Посетата на Чајковски во Бугарија претставува исклучителна можност за бугарската публика да се запознае со автор од светска класа, да постави прашања и да добие автограм на омилените книги.