СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ВО ТРЧАЊЕ УСАИН БОЛТ СТАНУВА ФУДБАЛЕР

//

Низ спектакуларна изјава за медиумите Централ Коуст денеска потврди дека спринтерот и олимписки шампион Усаин Болт потпишал доковор на неопределено време да игра за клубот.

Договорот помеѓу Централ Коуст Маринерс и Усаин Болт не гарантира професионален договор за игра, но на осумкратниот добитник на олимписки златен медал му дава можност да го оствари својот сон да игра професионално.

Болт, кој веќе тренираше со големи имиња од рангот на Борусија Дортмунд (Германија), Мамелоди Сандаунс ФК (Јужна Африка) и Стрмосгостсет (Норвешка) се очекува да стане дел од тимот на Централ Коуст Маринерс кон крајот на месецот.

„Многу сум возбуден што доаѓам во Австралија и би сакал да му се заблагодарам на сопственикот и менаџерот на Централ Коуст Маринерс што ми ја дадоа оваа шанса”, рече Болт.

„Сон ми е да играм професионален фудбал и знам дека тоа значи многу напорна работа и тренинзи за да се стигне до нивото на игра во Hyundai A-лигата. Кога разговарав со главниот тренер Мајк Мулвеј по телефон, тој ми ги сподели амбициите на клубот и неговите планови за претстојната сезона. Се надевам дека можам да направам позитивен придонес во клубот и со нетрпение чекам да ги запознавам другите играчи, вработени и се разбира навивачите. Секогаш велам дека” сѐ е можно, не мислам на ограничвањата и со нетрпение го очекувам предизвикот”, додаде Болт.

Главниот извршен директор на Централ Коуст, Шон Миелекамп, ја поздрави огромната предност што во тимот на Централ Коуст Маринерс доаѓа еден од најголемите спортисти на сите времиња.



„Цел ние е да бидеме најиновативен, забавен и спортски бренд во Австралија, ова е наша конкурентска предност”, рече Миелекамп.

„Усаин Болт доаѓа да тенира и се надевам дека ќе се развие во професионален фудбалер, совршено усогласен со филозофијата на клубот. Важно е да губиме глава од возбуда, но факт е дека Усаин Болт ја имаше довербата да го избере токму Централ Коуст Маринерс. Сите знаеме декамора да бидеме реални и дека пред нас има тешка задача и многу работа, но посветени сме на градење тим кој победува и кому може да му е верува. Се надевам Усаин може да ни помогне во оваа мисија,“ додаде тој.

„Го пречекуваме Усаин со отворени раце, и остануваме приземјени и фокусирани на работата пред нас. Исто така, со нетрпение очекувам Централ Коуст Маринерс да почнат да го привлекуваат интересот на светската фудбалска публика. Тоа е публиката која ќе ни се придружи и ќе ни овозможи да сонуваме, публика која верува дека само оние кои се доволно храбри да се обидат и да го направат невозможното, се способни да постигнат нешто”, рече Миелекамп.

 

Претходна статија

ЗОРАН ЗАЕВ : НЕМА ПОВЕЌЕ ФИРОМ

Следна статија

ШТО ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ?

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да