| |

СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИЗБРА ПРОЗАПАДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ

Светските медиуми соопштуваат дека на претседателските избори во Македонија победил „прозападниот“ кандидат Стево Пендаровски.

„Њујорк Тајмс“ во материјал насловен „Поддржувачот на промената на името беше избран за претседател“, пишува дека во вториот круг победил кандидатот што планира да ја внесе Македонија во НАТО со новото име.

„Гардијан“ во прилог насловен „Нашиот билет кон Европа“ забележува дека Северна Македонија избрала прозападен претседател фокусиран врз промената на името и влезот на земјата во ЕУ и НАТО.

Турската агенција Анадола ја пренесува изјавата на Пендаровски дека „ќе биде претседател на сите граѓани“.

Во материјалите на „Ројтерс“ и „Асошиетед прес“ се вели дека победата на Пендаровски ќе ги помогне напорите на Владата да ја внесе Македонија во Европската Унија и НАТО.




Слични Објави