СЗО И УНИЦЕФ: РЕДОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19

/

Доколку, во овие невидени времиња, локалните мерки за одговор на ковид-19 предизвикуваат привремени прекини на рутинските услуги за имунизација, земјите треба да испланираат нивно продолжување веднаш штом ситуацијата се стабилизира, пренесува Плусинфо.

Пандемијата со КОВИД-19 е сериозно потсетување дека заразните болести не знаат за граници. Сите земји се ранливи, без оглед на нивото на приход или цврстината на нивниот здравствен систем. Низ целиот европски регион, каде десетици милиони луѓе живеат затворени дома со недели, а над 100.000 луѓе починаа, брзината и разорноста на новиот корона вирус сосема го испревртеа животот, се вели во соопштението за медиумите на УНИЦЕФ и СЗО за Европа по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација во 2020 година.

„Знаеме дека ранливоста на заразни болести било каде е закана за јавното здравство насекаде“, рече г-а Афшан Кан, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија. „Од пресудна важност е рутинските програми за имунизација да продолжат и при оваа криза, истовремено соодветно заштитувајќи ги здравствените работници и лицата што примаат вакцина. Приоритет треба да биде опфаќање на најранливите деца кои ја пропуштиле рутинската имунизација.“

„Можеме да ги спречиме натамошните ефекти од КОВИД-19 врз нашите здравствени системи, така што ќе се погрижиме лицата од сите возрасти да се вакцинираат според националните програми. Ги повикувам државите да ги одржат услугите за имунизација и да ја поттикнат побарувачката за редовна вакцинација дури и во ова тешко време. Давањето предност на имунизацијата е една од моите четири приоритетни области и клучна за визијата на СЗО за здравјето во новата Европска програма на работа“, рече д-р Ханс Анри П. Клуж, регионален директор на СЗО за Европа.



СЗО и УНИЦЕФ ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на владите за зајакнување на програмите за имунизација, вклучително и преку стратешко планирање за рамноправно обезбедување имунизација, зајакнување на надзорот врз болестите што може да се спречат со вакцинирање, како и со ангажирање и едукација на заедницата.



Претходна статија

ОБСЕ: УЛОГАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ ОД ПРЕСУДНА ВАЖНОСТ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА

Следна статија

ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАБОЛЕНО СО КОРОНАВИРУСОТ ТЕСТИРАНО ВТОР ПАТ

Најново од Вести