| |

СЗО ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА JOHNSON & JOHNSON

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината на големата американска фармацевтска компанија „ Johnson & Johnson “, која се дава во единечна доза, објави агенцијата на ООН.

„Секоја нова безбедна и ефикасна алатка против ковид-19 е чекор поблиску до надминување на пандемијата“, коментира генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус.

Вчера Европската комисија даде одобрение за употреба на вакцината на J&J, што овозможи употреба на оваа вакцина во сите земји на ЕУ. Тоа е четвртата вакцина против ковид-19 што е одобрена во Европската унија по Pfizer, Modernа и AstraZenecа. За разлика од другите производители, „ Johnson & Johnson “ развија вакцина со единечна доза против ковид-19.

Европската комисија нарачала 200 милиони дози вакцина Johnson & Johnson, со можност за набавка на дополнителни 200 милиони дози. Сто милиони дози треба да бидат доставени до јуни.



Слични Објави