|

СЗО: Пандемијата не е завршена, има услови за нови варијанти

Светската здравствена организација се надеваше дека главната фаза на пандемијата на Ковид е при крај, но тоа не се случи, изјави денеска шефот на организацијата Тедрос Аданом Гебрејсус.

-Не можеме навистина да кажеме дека вонредната фаза на оваа пандемија сега е зад нас. Се надевавме на тоа, но досега тоа не се случи… Сè уште има услови кои придонесуваат за појава на нови варијанти, рече Тедрос на прес-конференција.

Тедрос претходно изјави дека стапката на смртност од коронавирусот во светот е намалена за речиси 90 проценти од февруари оваа година и дека крајот на пандемијата е близу.

– СЗО проценува дека најмалку 90 отсто од светското население во моментов има одредено ниво на имунитет на САРС-КоВ-2 поради претходна инфекција или вакцинација, рече тој.

Слични Објави