| |

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА „ИМУНИТЕТСКИТЕ ПАСОШИ“ НЕ БИ БИЛЕ ВАЛИДНИ

Здравствената агенција на ООН соопшти дека нема „докази“ дека оздравените пациенти со коронавирус се заштитени од повторно заразување, јавува МКД.мк.

Здравствената агенција на Обединетите нации предупреди дека нема научни докази дека луѓето што оздравеле од коронавирусот развиваат имунитет против потенцијална инфекција во иднина, бидејќи светскиот број на починати од ковид-19 во саботата надмина 200.000, со 2,8 милиони заразени.

Светската здравствена организација го пушти предупредувањето додека голем број земји размислуваат за издавање на таканаречените „пасоши на имунитет“ на луѓето што оздравеле од ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот.

СЗО рече дека ваквиот потег всушност може да го зголеми преносот на новиот коронавирус, бидејќи луѓето што оздравеле може да ги игнорираат советите за преземање на вообичаените мерки на претпазливост против вирусот.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави