СЗО: ВО СВЕТОТ НЕДОСТАСУВААТ ШЕСТ МИЛИОНИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

//

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека во светот, зафатен од пандемијата на коронавирус, недостасуваат речиси шест милиони медицински сестри.

Агенцијата на ООН, заедно со здруженијата Nursing Now и Меѓународниот совет на медицински сестри (МКН), во извештајот ја истакна клучната улога на медицинските сестри кои сочинуваат половина од светскиот медицински персонал.

„Медицинските сестри се ‘рбет на секој систем на здравствена заштита“, рече претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, потсетувајќи дека сега се во првите редови во борбата против Ковид-19.

Според извештајот на СЗО, медицински сестри во светот има нешто помалку од 28 милиони, а за пет години нивниот број се зголемил за 4,7 милиони до 2018 година.

„Но, тоа е сепак 5,9 милиони помалку од потребниот број“, се вели во извештајот.

Најмногу сестри недостасуваат во посиромашните земји на Африка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и делови од Јужна Америка.

Шефот на МЦН посочува дека недостигот на доволен број медицински сестри придонесува за зголемување на стапката на инфекција, медицински грешки и зголемување на стапката на смртност.



Тој исто така предупредува дека овој проблем резултира со исцрпување на медицинските сестри кои работат.

Претседателката на здружението Nursing Now, Мери Воткинс, повика на посеопфатно тестирање на здравствените работници во тековната состојба на коронавирус.

Таа тврди дека голем број здравствени работници не одат на работа затоа што се плашат дека се заразени и не можат да го докажат тоа.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СТУДЕНТИТЕ ИМААТ ЧЕТИРИ ДЕНА ДА ГИ ПОДИГНАТ ЛИЧНИТЕ РАБОТИ

Следна статија

ПЕТАР КОЛЕВ: ПОСВЕТЕНО НА ХЕРОИТЕ, СРАМНИТЕ ИСКЛУЧОЦИ И НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ!

Најново од Вести