Тагарев: Бугарија ја поддржува борбата за слобода на украинскиот народ
Можностите за обезбедување хуманитарна и воено-техничка помош за Украина биле разгледани на средбата меѓу министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев и амбасадорката на Украина во Бугарија Олесија Илашчук.
„Бугарија ја поддржува борбата за слобода на украинскиот народ и напорите за обновување на меѓународниот правен поредок, како и стремежот за европска и евроатлантска интеграција на Украина. Нашата земја има придонес во мисијата за обука ЕУМАМ на Европската унија за воена помош за Украина“, рече министерот Тагарев за време на разговорите. „Политичкото раководство на Министерството за одбрана е посветено на продлабочување на билатералната одбранбена соработка“, додаде тој.
Министерот Тагарев изрази загриженост за последиците од уривањето на ѕидот на браната „Нова Каховка“. Бугарија е подготвена да помогне во надминување на кризата.
Олесија Илашчук изрази благодарност за хуманитарната и воено-техничката помош што ја дава Бугарија.
На средбата учествуваа заменик министерот за одбрана Атанас Запријанов, директорот на Управата за одбранбена политика и планирање бригаден генерал Радостин Илиев, директорот на Дирекцијата за логистика бригаден генерал Митко Григоров и воениот аташе на Украина полковник Дмитро Лукашук.
