Таравари го обвини Заев дека пробал да понуди пари на пратеничка од Алијанса за Албанците

/

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, во интервју за Сител изјави дека е јавна тајна дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците, но подвлече дека групата на неговата партија е компактна.

Таравари соопшти дека лично премиерот Заев се јавувал кај пратеничка од АА нудејќи ѝ пари но таа веднаш одбила, и како што вели градоначалникот на Гостивар не сакала ниту да зборува со него за тоа. Таравари сепак не открива за колкава сума пари се работи.



Тој додава дека случајот не е пријавен, затоа што во државата никој не верува во системот.

Претходна статија

Муцунски: Укинавме две градежни маркици и донесовме одлука наместо кафеана да се изгради детска градинка

Следна статија

Владата со демант за тврдењата на Таравари: Лаги и дезинформации

Најново од Вести