Ташев со отворено писмо до неколку македонски новинари: Нема бугарско-македонски конфликт, има конфликт внатре во РС Македонија
Поранешниот директор на бугарскиот културен центар во Скопје доц. д-р Спас Ташев, се обрати кон главните уредници на неколку македонски медиуми, поради како што самиот тој вели големиот интерес што го предизвикала неговата колумна „Репресиите на ансамблот „Танец“.
Написот на Ташев предизвика лавина од реакции. Ви го пренесуваме отвореното писмо на авторот во целина:
Почитувани уредници на Пресинг ТВ, Expres.mk, Time.mk и Vocentar.com,
Најпрвин би сакал да ви се заблагодарам за интересот за мојот напис „Репресиите на ансамбл “Танец”“, дел од серијалот „Непознатите нови борби на Македонија“, кој го водам во бугарскиот весник „Труд“. И покрај негативните наслови во вашите коментари, ова сепак е форма на дијалог во потрага по вистината за отворените прашања меѓу двете соседни и братски земји Бугарија и Северна Македонија. Од оваа гледна точка, нема негативно рекламирање, бидејќи благодарение на Вас, многу мои пријатели од Северна Македонија го бараа оригиналот и потоа ме контактираа. Затоа, доколку сакате, можам да ви ја испратам целата серија од 22 написи, објавени досега, за да ги коментирате во вашите медиуми.
Во врска со изјавата објавена во вашите изданија дека извезените податоци се нова бугарска провокација, морам да нагласам дека податоците, извезени од мене, само се преобјавуваат во Бугарија. Тие првпат беа објавени во САД од луѓе од Македонија. По таа логика ова е американска провокација.
Освен тоа, вашата идеја да зборувате за бугарско-македонски конфликт не соодветствува со фактите. Ова е внатрешен македонски конфликт, бидејќи токму организираното иселеништво од Македонија, живеејќи во тогашниот слободен свет, не само што ги објави фактите на репресијата, туку и водеше организирана борба против таквата репресија. Периодот од 1945 до 1991 година изобилува со примери на отпор на самите македонски Бугари против македонизмот, што тие самите го нарекуваат србокомунистичко творештво. Мојата единствена улога беше да ги најдам овие документи и да ги објавам. Се надевам дека во ерата на владеење на човековите права нема да барате овие документи да продолжат да се прикриваат, како што беше во комунистичката ера. Скопје ја лансира идејата за мултиперспективност на минатото (со што не се согласувам бидејќи вистината постои објективно) и нејасно е зошто кога се извезуваат документи, кои се во спротивност со официјалната позиција на Северна Македонија, оваа мултиперспективност е забранета и нејзините носители и денес се прогонуваат. Последен случај во врска со ова се постапките на скопското jавно обвинителство против писателот Ким Мехмети. Искрено верувам дека со заеднички напори ќе се постигне национално помирување во Скопје. Такво помирување ќе има и со овој четврти дел на Македонија, како што го нарекуваше Ченто – оние 1,3 милиони бугарски граѓани, кои денес сами си го одредуваат потеклото од географската област Македонија, чиј претставник сум и јас.
Ви посакувам успешна нова 2022 година, заедно да ги решиме проблемите, предизвикани од интересите на странски седишта и туѓи на Македонија, а набргу потоа да си го честитаме почетокот на преговорите за членство во ЕУ!

