ТАСС: ПОВЕЌЕ ОД 2000 ЛУЃЕ ВО КИНА СО ПОТВРДЕНА ДИЈАГНОЗА ЗА КОРОНА ВИРУС

Бројот на потврдени случаи на пневмонија предизвикана од новиот вид корона вирус во Кина достигна 2002 луѓе, пренесува ТАСС. Според информациите од комисиите за хигиена и здравство во земјата, бројот на загинати изнесува 56 лица.

Се верува дека речиси 2,7 илјади луѓе се заразени со коронавирус, но нивната дијагноза сè уште не е потврдена. Повеќе од половина од инфекциите (1.052 случаи) се наоѓаат во провинцијата Хубеи, местото каде што прв пат беше забележан вирусот. По Хубеи следат провинциите Ѕеџијанг (104), Гуангдонг (98) и Хенан (83). Инфекции со новиот вид коронавирус се пријавени во сите делови на земјата, вклучително во Пекинг (51) и Шангај (40).