Татко нападнал сопруга и ќерка, им се заканувал со остар предмет
Педесетгодишен маж од скопската населба Ѓорче Петров физички ги нападнал неговата 28-годишна ќерка и сопругата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 20 часот, во нивниот семеен дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ. (50). По нападот, тој им се заканувал со остар предмет и на нив и на нивниот 25-годишен син. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.