Темелот на ставот на Бугарија кон Македонија

//

Пишува: Арсим Зеколи

Најавеното се остварува. Колку што е легитимно од наша страна да и замераме на службена Софија за непоколебливоста во однос на ветото и непопуштањето кон Македонија, толку е и логично да ја разбереме и уважиме причината зошто Софија едноставно веќе не паѓа ниту на солзите ниту на горчините ниту од шеќерите кои доаѓаат со “гаранциите и уверувањата” од Скопје. Каменот темелник на ставот на Софија кој подолго време се вкопува а сега официјализира може да се соткае во една реченица: не сакаме права и позиции за Бугарите во Македонија моделирани според правата и позициите на Албанците во Македонија. Зошто? Бидејќи таквите права не се права и таквите позиции се секогаш зависни од пресметките на српско-македонистичките подземни структури и инетреси. Таа реалност за шајкача-албанците на Ахмети-Османи-Груби е веќе увидена во Тирана и Приштина. Софија само следи со потсмешливото отфрлање на шајкача-бугарите измислени на исто место каде и македонизмот – таму некаде во хотелските фоајеа околу кружниот ток Славија во Белград.


За разлика од Албанците кои што под насилство од шовинистичките атаки на македонистите, што под клеро-шовинистичките подметнувања на дипломатиите, што под криминализацијата на тнр. “албанско претставништво”, Бугарите се во покомотна ситуација да со леснотија ги отфрлаат таквите квази-понуди на квази-принципиелност, квази-европејство и квази-кооперативност од која ќар имаат само грст македонисти и нивните репликанти албанисти и утре бугаристи. Бугарија едноставно не паѓа ниту се задоволува со верзијата на шајкача-бугари моделирани според урнекот на шајкача-Албанци од видот на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби итн. Во тоа лежи и клучот за разбирање зошто Ахмети-Османи одеднадеж ја сменија плочата, штом разбраа дека нивната препорака за бугарско инкомпорирање според алиахметовскиот модел е однапред отфрлен со презир кон некого на кому му е доделена улогата на бивање фактор изграден од пропагандна магла и криминални прдежи.




Ова е и причината зошто пред Ковачевски има два избора: да го реформира владиниот кабинет преку отстранување на шајкача-албанците кои веќе не му вршат работа како партнери по дома и модели (маши) во соседство. Или да прифати предвремени избори. Наслонувањето на логиката дека “ќе ме подржат поради стравот од ВМРО” важи само за неговата клиентела малцинска, но не и за поширокото граѓанство кое нема таква плати-клати обврска кон него или кон Ахмети. Опцијата за останување на власт “како досега” е навидум можна поради законите и уставот, но Ковачевски би требало да знае дека тој негов став, папагализиран од Ахмети за “како досега” е разбран како стартне пиштол за општа кражба и пљачка во последната година пред неколку деценијското непримирисување на власт. И згора на тоа, како период во кој неговите соработници час сега ќе почнат да одработуваат за опозицијата во надеж за нивно амнестирање кога ќе паднат од власт.
Затоа, да, Македонија го изгуби спорот со Бугарија – по сопствена вина на инсистирање на српскиот модел скроен за Албанците кој Бугарите не сакаат ни да чујат да го прифатат. Каков е тој модел може да го разберете од неславниот телефонски разговор помеѓу Фрчковски и Геровски околу легализацијата на албанскиот јазик. Но, инсистирањето на Ковачевски да со прочитани и презрени шајкача-албанци и шајкача-бугари ја одржи целосно раскриканката македонистичка паралажа ќе доведе до многу поболни резови од кои земјата со децении нема да може ниту да се отараси а камоли оздрави.


Како заклучок, на Ковачевски “му се може” да со Ахмети го избутка мандатот до крај. На ист начин како што и на Грувески “му се можеше” да глуми мангуп кога му бараа избори кои тој со надменост на едноок глупак ги прифаќаше. Во ред, но Ковачевски и СДСМ треба да имаат во предвид една работа: Заев беше одговорен но Груевски беше виновен за Преспа. Час утре, ВМРО ќе биде одговорна но СДСМ ќе биде навек виновна за се што ќе и се случува на земјата во целост и македонците во особеност следната декада. А 2024 е ем преблиску, ем прекратко ем завека и довека вечно.

Претходна статија

ЕУ не е заедница на светци, туку заедница на реалполитичари

Следна статија

(Видео) Милотинова: Контролата за исполнување на преземените обврски од РС Македонија треба да биде во Советот на ЕУ, а не во Европската комисија

Најново од Истакнато

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да

Туѓа влада

Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој