|

Температури до 40 степени и денеска

И денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Индексот на ултравиолетово зрачење (UV) ќе има висока вредност 10.

Утринските температура си движат меѓу 15 и 24, додека соодветено максималните дневни ќе бидат во интервалот од 30 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени. =



Слични Објави