АНГЕЛОВ: МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДНЕСУВА КАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА И ДА САКА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ
„Не може една земја во 21-от век да се однесува како Северна Кореја и да сака стане дел од ЕУ“, изјави организациониот секретар на ВМРО-БНД, Јулиан Ангелов во емисијата „Денот почнува“ на Бугарската национална телевизија.
Коментарот на Ангелов се однесува на РС Македонија посочувајќи го како пример скандалот со претставникот на Македонија за Евровизија, Васил Гарванлиев, кој стана објект на голем број на напади заради тоа што поседува бугарски пасош и во спотот има уметничка инсталација која личи на бугарското знаме.
„Бугарија го нема покренато ова прашање. Тие сами си создадоа скандал, поради фактот што наметнуваат омраза кон се што е бугарско“, вели Ангелов.
Секретарот на ВМРО-БНД додава дека говорот на омраза кон Бугарија го наметнуваат најмногу политичарите и медиумите, додека обичните граѓани се пријателски настроени кон Бугарија.
Ангелов потсетува уште дека, бугарските партии не треба да дозволат продолжување на таа политика од страна на македонската држава.
„30 години Бугарија и помагаше на Македонија, никогаш не и пречела на Македонија, но тие таму треба да ги почитуваат Бугарите. Тие треба да можат да живеат слобдно“, истакна Ангелов.
Што уште кажа организациониот секретар на ВМРО-БНД, Јулиан Ангелов погледнете во видеото што следи: