|

„Убаво се затресе!“: земјотресот кај Никшиќ се почувствува во целиот регион, земјата се стресе до Дубровник

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала погоди област на триесетина километри од Никшиќ и 27 километри од Билеќа во Босна и Херцеговина.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот меѓу Црна Гора и БиХ бил почувствуван на пошироко подрачје, од црногорското крајбрежје до Србија.

Подрачјето на Никшиќ синоќа беше погодено од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Засега нема информации за евентуална штета.

Граѓаните на Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Хрватска веднаш реагираа на веб-страницата на ЕМСЦ и опишаа дека тресењето траело кратко, но силно, пренесува „Кликс“.

„Сараево, убаво се затресе“, „Благо тресење неколку секунди“, „Дубровник, добро се тресеше“, се дел од коментарите.



Слични Објави