ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ЗАЈАС, ПОВРЕДЕНИ СЕ СЕДУМ ЛИЦА

На 31.12.2020 околу 16.50 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, сокичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.В.(32) од Кичево, патничко возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(55) од Тетово и патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(52) од Кичево. Во Медицинскиот центар Кичево тешки телесни повреди биле констатирани кај возачот Ј.В., а кај сопатниците од нејзиното возило А.А.(23) и Е.С.(23), двајцата од Кичево, кај возачот Ш.В. и неговите сопатници С.С.(22) и А.С.(32) од Кичево, како и кај возачот Џ.А., биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на незгодата.

loading...

loading...