ФАТЕНИ ПОВЕЌЕ ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА ОТКОЛКУ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ ЗА НОВА ГОДИНА

Министерството за внатрешни работи соопшги дека во главниот град на земјата, Скопје, синоќа биле казнети вкупно 65 возачи. Интересно за овогодинешната статистика на сообраќајната полиција за новогодишната ноќ е што најголемиот дел од казните се прекршоци кои не се поврзани со употребата на алкохол.

loading...

Имено, најголемиот дел од казните, 20, се изречени за непрописно паркирани возила. Осум казни се напишани за зборување на мобилен телефон при управување на возило. По четири казни се изречени за нерегистрирано возило и за возење без возачка дозвола. Само две казни се за возење под дејство на алкохол. Останатите казни се различни дела.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се наведува во соопштението од МВР.


loading...